Три децении фестивал „Оро без граници“

Скопје, 15.09.2021 година - На 16 и на 17.09.2021 година во Куршумли ан ќе се одржи јубилејното триесетто издание на фестивалот „Оро без граници“ на кој ќе настапат играорците од Детскиот културен центар „Карпош“.

tri-decenii-festival-oro-bez-granici-01.jpg

Својот 30 годишен јубилеј „Оро без граници“ го одбележуваше низ целата година со различни активности, како ликовниот конкурс на тема „Оро без граници – симбол на пријателството меѓу децата“, изложбата на фотографии на тема „Деца во традиционални носии минато – сегашност“, ретроспективната фотогалерија „Три децении Оро без граници“, проекцијата на интервју со основоположникот на „Оро без граници“, Тофе Дракулевски и промоција на каталог посветен на „Оро без граници“. Претстојните две фестивалски вечери ќе бидат и заокружување на овој традиционален детски фестивал.

Првиот фестивал „Оро без граници“ се одржа во 1991 година по иницијатива на доајенот на македонскиот фолклор Тофе Дракулевски. Оттогаш, деца играорци од повеќе од 80 држави учествувале на фестивалот, со што „Oро без граници“ се етаблира во столб на македонската култура.

Детскиот културен центар „Карпош“ со својот фолклорен ансамбл се домаќини и организатори на фестивалот, со поддршка од Град Скопје.

Фестивалот, од неговото основање е со ревијален карактер.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg