Оваа година официјалниот избор на Мажи на годината се одржува и во Косово
- Детали
- четврток, 12 август 2021
Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации оваа година го носат изборот на Мажи на годината во Косово. За прв пат ќе се бираат најуспешните мажи во Косово во Ноември 2021 година.
По успехот кој го доживеа овој настан во Македонија, и успешните настани кои се одржуваат 4-та година по ред, нормално беше да се прошири оваа приказна и во регионот.
Од организаторите на официјалниот избор на Мажи на годината кај нас, велат дека природно интересот е се поголем и прашање на време беше кога ќе се запичне со орагнизација на настани во регионот, знаејќи дека овој настан се одржува во повеќе од 70 држави низ светот.
„Среќни сме што оваа година го носиме настанот во ксово и заедно со нашите партнери таму ќе го организираме првиот официјален избор на Мажи на годината. Приштина во ноември ќе биде престолнина на гламурот. Интересот за настанот во нашата држава кој го креиравме изминатите 4 години покажа дека е време да го продолжиме успехот и во регионот. Како прва опција го одбравме Косово. Пред се поради нашите партнери агенцијата Think B, кои се вистински професионалци во она што го прават низ Кoсово веќе неколку години и се буквално вклучени во голем број на настани. Настанот во наредните години има за цел да се прошири и во останатите соседни земји.”- изјавија од организаторите.
На официјалниот избор на Мажи на годината во Косово ќе се избираат најуспешните 13 мажи за оваа година и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности, Маж менаџер на годината, Маж странец на годината, Млад менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Маж со стил, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите и Маж на годината во избор на социјалните медиуми.
Настанот е поддржан од РТВ21 и од голем број на медиуми како што се Телеграфи, Инсајдери, и ред други. Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА има за цел да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден имиџ во бизнис задницата. Официјалниот избор на Мажи на годината ќе се одржи во месец ноември, знаејќи дека ноември е месцот за поддршка на машкото здравје.
Еве како беше на официјалниот избор на Мажи на годината за 2020 година кај нас