Каков вид на настани му недостасуваат на Скопје по завршување на пандемијата?

(Комерцијален текст) Со почетокот на пандемијата со Ковид 19, комплетно се промени сликата за социјалниот живот кај нас, како и насекаде во светот.

kakov-vid-na-nastani-mu-falat-na-skopje-po-zavrshuvanje-na-pandemijata-01.jpgфото: depositphotos.com

Сепак, никој не ја очекуваше промената и угостителите не беа спремни за драстичната измена во работењето со која беа приморани да се соочат. Сето ова имаше импакт на дружбата, едукацијата и размената на информации. 

Што се случи во 2020 година?

Со цел почитување на мерките и зачувување на колективното здравје, значително се намали приходот на угостителските објекти. Многу вработени во овој сектор ја загубија работата и многу претприемништва беа приморани да ги затворат своите објекти поради неможност да ги покријат тековните трошоци.

Сето ова како резултат на ограничената посетеност, на мали и големи групи на потрошувачи - настани од различен карактер кои се организираа во хотели, сали или ресторани, забави во ноќните клубови и во кафе баровите.

Младите се дружеа на дистанца, а сето ова драстично ја промени и сликата на работењето во скоро сите економски оператори. Луѓето беа и сè уште се приморани да најдат нов начин за социјализација преку социјалните мрежи, запознавање, видео конференции и видео-социјални апликации. 

Прашањето кое сега се поставува е како понатаму и како до адаптирање на новата сегашност?

Делумно сите угостителски објекти, центри, музеи и сали за организација на настани активно се припремаат за новитетите кои ќе ги предвиди завршувањето на кризата.

Би сакале да нè информирате, што точно мислите дека му недостасува на Скопје и која е вашата перцепција за социјални настани кај нас. 

Ве молиме пополнете ја оваа анкета како би придонеле до утврдување на потребните активности за подобар социјален живот, преку Центар кој е планиран да започне со работа во 2021 во Скопје - КЛИК ТУКА ЗА АНКЕТАТА.

Покрај адаптацијата на работата и дружбата преку видео конференции, сепак социјализацијата предвидува и контакт во живо.

Човековата природа е уникатна и дел од потребите за здраво функционирање и разменување на информации, предвидува визуелна поврзаност односно контакт во живо.

Сите нетрпеливо го очекуваме завршувањето на оваа пандемија за да го вратиме животот во нормала, но во светски рамки се предвидува усвојување на сосема нова реалност.

Во ова е вклучен и социјалниот живот, особено на младите. Очекувањата се дека ќе има промени, но што точно ова ќе значи, останува да видиме и да се адаптираме на истото. 

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg