Нашите балерини вежбаа со маски во најтоплите денови – како се подготвуваше балетското дело „Болеро“?
- Детали
- среда, 23 септември 2020
Во едно време-невреме успешно се постави балетското делото „Болеро“ во продукција на македонската „Национална опера и балет“, чијашто премиера се одржа во рамки на фестивалот „Охридско лето“.
Дело, за прв пат поставено пред 30 години од кореографот Олга Милосављева, а сега препородено како омаж за неа и сите балетски уметници кои своевремено несебично давале сè од себе да ја издигнат балетската уметност во Македонија.
Со оглед на фактот што културата, а особено балетот, се тешко погодени од глобалната пандемија, создавањето на едно вакво уметничко дело беше уште поголем предизвик.
Дванаесет балерини од ансамблот при македонската „Националан опера и балет“ предводени од кореографот Саша Ефтимова, строго придржувајќи се до Ковид-19 протоколите вежбаа и танцуваа постојано со маски во едни од најтоплите летни денови.
https://www.instagram.com/p/CDqRuA5HAMf/
Целиот процес е доловен и документиран од Александар Томовски во серија фотографии како и во видео запис кој го пренесува целиот процес на подготовки, труд, посветеност и ентузијазам вложен во изведување на танцови движења кои бликаат со емоции за надеж, пребродување, нови почетоци, подобро утре.
Документарен запис кој ја доловува вредноста и тежината на еден од многу аспекти историски потфат, но и уникатен ентузијастички потфат кој во прво лице раскажува неколку напоредни приказни што даваат поглед во еден скриен свет на создавање уметност зад кулисите.
„Болеро“ ќе има премиера и пред скопската публика, како дел од настанот „Опера и балет под ѕвездите“ организиран од македонската „Национална опера и балет“, што ќе се одржи во петок на 25 септември, од 21 часот на платото пред НОБ.
Погледнете повеќе фотки од подготовката, направени од Александар Томовски:
https://www.instagram.com/p/CDy19dgHgZ1/
https://www.instagram.com/p/CDtu1Jrn_r7/
https://www.instagram.com/p/CDrdT8MHhQH/
https://www.instagram.com/p/CDqRuA5HAMf/
https://www.instagram.com/p/CDow7m1Hzdr/
https://www.instagram.com/p/CDnn0gaH2tB/
https://www.instagram.com/p/CDmJwcRnbcq/
https://www.instagram.com/p/CDlI0-wHGPP/
https://www.instagram.com/p/CDjky0Rn1d_/
https://www.instagram.com/p/CDiiyrpHMCO/
https://www.instagram.com/p/CDg5SHhn6cM/
https://www.instagram.com/p/CDf82qznBDq/