Престижната гала „40 under 40“ во Милано ќе се одржи со посебни безбедносни протоколи
- Детали
- среда, 24 јуни 2020
На 15 октомври во популарната Casa Museo Bargatti Valsecchi во Милано, реномираната агенција Business Elite Awards повторно ќе ги собере на едно место најамбициозните и најуспешните млади бизнис лидери од Југоисточна Европа.
Според најавите, Гала вечерата 2020 Business Elite’s “40 under 40” ќе се одржи согласно веќе изработените строги безбедносни протоколи. Во официјалното соопштение на компанијата стои:
„Со задоволство објавуваме дека ги имплементиравме безбедносните протоколи кои ќе ги заштитат нашите вработени и нашите наградени бизнис лидери од потенцијалната опасност од КОВИД-19 за време на свечените настани оваа есен. Нашите протоколи ќе бидат редовно ажурирани со цел да останат целосно во согласност со препораките од кредибилните здравствени авторитети како Светската здравствена организација (СЗО), Центрите за контрола и превенција на болести, Американското министерство за здравство и Канадската агенција за јавно здравје.
Здравјето на нашите вработени, како и на сите учесници е нашиот врвен приоритет денес, а и секој ден!“
Помеѓу 40-те најамбициозни и најсупешни млади бизнис лидери кои ќе ги добијат признанијата во Милано има и претставници од Македонија. Од веќе потврдените до овој момент, меѓу нив се: Вилма Учета Дузлевска (Кроација Осигурување), Маја Бојчевска-Ѓорѓиевска (ОСА), Филип Димитровски (ТИГО), Олга Јосевска (Comodita Home), Нина Шерифовска (Park Residence), Данчо Димков (BizzBee Solutions) и Бесник Исаки (Бе-Да логистик).
Како што веќе е добро познато, “Business Elite’s 40 Under 40” е престижна програма за наградување на извонредни млади менаџери и претприемачи од светот на бизнисот. Business Elite Awards гради широка мрежа од елитата за елитата. Да се биде дел од бизнис елитата е придобивка сама по себе, бидејќи големите умови размислуваат слично - колективните умови успеваат заедно. Членовите на престижната алумни мрежа можат да ги зголемат шансите за понатамошен успех како резултат на сите нови контакти што ќе ги генерираат со останатите наградени успешни луѓе од бизнисот. “Executive Club”, односно алумни мрежата е ексклузивна за наградените млади бизнисмени и само тие можат да имаат корист од неа.