„Фала ти Вардаре и Македонијо“ - коментаторите од Арена спорт ТВ на Златна бубамара
- Детали
- петок, 28 февруари 2020
На синоќешното доделување на Златна Бубамара на популарноста, беа присутни двајцата коментатори од Арена Спорт ТВ - Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ.
Спортската историја се повтори. Ракометниот клуб „Вардар“ минатата година повторно стана европски првак на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.
Спортскиот успех на „Вардар“, онака како што го најавуваа при преносите од Лигата на шампионите, го најавија коментаторите на „Спорт арена“ Стеван Стевановиќ и Сретен Рашковиќ.
Стеван на својот Фејсбук профил сподели фотографија со неговите импресии од нашата земја и публика:
Кога 10-годишнината од спортско коментирање на најубавиот спорт како што е ракометот на Арена спорт ТВ, ќе ја прославите со најпрекрасната публика во Македонија, покрај омилениот колега и голем пријател Сретен Рашковиќ, а покрај тоа ќе бидете во редот со двојниот шампион на Европа РК Вардар и ракометарите кои заслужуваат само најдобри зборови и поддршка која им е најпотребна во моментов, тогаш можам да речам дека деценијата која ја оставам зад мене е исполнета со филмско сценарио! Фала ти Вардаре, Златна бубамаро и Македонијо на најтоплото и најсрдечно добредојде! Останете најдобри!
Kada 10-godišnjicu sportskog komentarisanja najlepšeg sporta kakav je rukomet na Arena sport TV proslavite sa...
-->-->Posted by Stevan Stevanović on Friday, February 28, 2020
Е. П. | Црнобело