Стоечки овации за Медена земја, спектакуларни настапи - Најдобри моменти од Златна Бубамара 2020 (фото)
- Детали
- петок, 28 февруари 2020
Многу забава и смеа благодарение на единствениот Сашко Коцев кој на сатиричен начин ги долови „најважните“ моменти кои се случуваа во нашата земја во изминатава година, одлична музичка програма и Златни Бубамари доделени на вистинските личности кои Бубамара никогаш не заборава да ги награди за своите дела.
23-тата Златна Бубамара на популарноста ја отворија младите членови од танцовото студио Еурека со изведба на претставата „Пепелашка“, заедно со децата со попреченост, а добија Златна Бубамара за инклузивност.
Фото: Фејсбук
На почетокот публиката ја забавуваше боемското дуо кое долго ѝ недостасуваше на музичката сцена, Александар Митевски и Драган Спасов-Дац, а го отпеаа нивниот хит „Уште ми фалиш“.
Фото: Фејсбук
Моменти од Златна Бубамара 2020 кои ни оставија најмногу впечаток (за оние кои сакаат „спојлери“ пред да ја гледаат цела):
1. Изведбата на Тамара Тодевска на песната Proud, со која на Евровизија 2019-та го освои второто место, а доби две Златни Бубамари – за најдобра пејачка и хит на годината.
2. Моментот кога Сашко Коцев го најави Перо Антиќ на сцената, а се појави актерот Гораст Цветковски, кој за себе кажа дека е 2/3 Перо, а за да се добие цел Перо, го покани на сцена 1/3 Перо Антиќ, односно Панчо од ДНК.
Фото: Фејсбук
3. Изведбата на Јелена Розга заедно со оркестарот на Џамбо Агушев на нејзините хитови „Циркус“, „Не пијем не пушим не пцујем“, „Дани су без броја”, а доби Златна Бубамара за најпопуларна регионална пејачка.
Фото: Фејсбук
4. Сашко Коцев уште еднаш ја насмеа публиката до солзи со точката „Рекет“, во која зборуваше што значи да се биде најдобар рекет во Македонија, а ја покажа и Louis Vuitton торбата која си ја носи како опрема.
Фото: Фејсбук
Настапот на Атиџе и други моменти на следната страна...