Хуманитарно трчање од Струмица до Гевгелија - за сите кои се борат за здив!

Хуманитерно трчање за подигање на свеста за постоењето на ретка белодробна болеста - Пулмонална хипертензија. Трката ќе се одржи на 23.12.2018, недела и ќе започне во 09:00 часот од плоштадот во Струмица, а финиш линијата е во Гевгелија, со должина на патеката од 50 километри. Трасата води од Струмица преку Валандово, Богданци и се очекува да заврши околу 14:30 на плоштадот во Гевгелија. Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“, Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат првото хуманитарно трчање по овој повод и кој ги поврзува овие два градови, под наслов „Трчаме со Николчо“.

humanitarno-trcanje-od-strumica-do-gevgelija-za-site-koi-se-borat-za-zdiv-01.jpg

Трчањето е во чест на гевгеличанката Ѓургица Ќаева, како и на сите пациенти кои страдаат од оваа болест.

Маратонeцот - предводник е Николчо Ѓоргиев, кој често ја поддржува оваа иницијатива на сите маратони кои ги трча, со носење маичка со логото и мотото на Здружението - „Остани без здив“. Досега се пријавени 32 учесници кои ќе се приклучуваат од различни окрепни точки по трасата.

Белодробна артериска хипертензија (ПАХ) е прогресивна болест предизвикана од стеснување на белодробната артерија која ги поврзува десната страна од срцето со белите дробови. Пулмоналната хипертензија е сериозно заболување кое прогресивно се влошува со тек на време и понекогаш завршува фатално. Иако пулмоналната хипертензија не е излечлива болест, третманот кој постои ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на живот.

humanitarno-trcanje-od-strumica-do-gevgelija-za-site-koi-se-borat-za-zdiv-02.jpg

Во Македонија постојат 15 регистрирани случаи на оваа болест, за која малку се знае. Со цел подигање на свеста за постоењето и борбата на болните, буквално секојдневно за здив, Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“,Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат овој настан, со поддршка на Општина Струмица и Општина Гевгелија.

Под мотото „Остани без здив“, Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ ги продолжува своите активности и во 2019та за подигање на свеста за оваа ретка болест.

Сите останати детали можете да ги најдете на настанот на Facebook.

humanitarno-trcanje-od-strumica-do-gevgelija-za-site-koi-se-borat-za-zdiv-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg