Програма на Cinedays 9.11.2018

programa-za-cinedays-9-11-2018-001.jpg

Кино Милениум

17:30 - Среќниот принц 

режија Руперт Еверет - Гала селекцијa

Кон крајот на 19 век, наконтениот Оскар Вајлд е миленик на лондонската елита – остроумен, духовит и скандалозен. Меѓутоа, неговата отворена сексуалност е премногу за времето во кое живее и поради тоа го затвораат во затвор. Осиромашен и погоден од тешка болест, кога ќе биде ослободен бара егзил во Париз. По неуспешниот обид да се смири со неговата сопруга, тој ја продолжува врската со младиот лорд Даглас, која го води до целосна пропаст. Сѐ што му е преостанато се само неговите надреални приказни, со кои го освојува вниманието на две момчиња од улица. Со поддршка на верните пријатели, кои се обидуваат да го заштитат од неговите ексцеси, тој успева да си ги поврати шармот и иронијата до самиот крај: „Или си оди овој грозен тапет или си одам јас…“

Фестивали и награди / Festivals and awards:

Најдобра продукција на Баварскиот филмски фестивал

Санденс филм фестивал

Берлински филмски фестивал

Лос Анџелес филмски фестивал

20:00 Остров на кучиња

режија Вес Андерсон - Гала селекција

Јапонскиот архипелаг, 20 години во иднината. Кога, со извршна одредба, сите кучиња миленици од градот Мегасаки се протерани на една огромна депонија, наречена Остров на ѓубрето, 12-годишниот Атари тргнува сам во минијатурен турбо-пропелер и прелетува преку реката со цел да го најде неговото куче заштитник, Спотс. Таму, со помош на глутница новостекнати пријатели џукели, започнува епско патешествие, кое ќе ја одлучи судбината и иднината на целата Префектура.

programa-za-cinedays-9-11-2018-03.jpg

Фестивали и награди / Festivals and awards:

Берлински филмски фестивал – Сребрена мечка за најдобра режија

SXSW филмски фестивал – награда од публика

Титаник меѓународен филмски фестивал – награда од публика за најдобар филм

Интернационално он лајн кино награди (INOCA) – Најдобро анимиран филм

22:30 Белата врана

режија Ралф Фајнс - Гала селекција

На почетокот на 1960-тите, можеби Студената војна е во полн ек, но советските власти решаваат да ја испратат нивната најдобра танцувачка трупа во Градот на светлината, за да ја демонстрираат културната префинетост зад Железната завеса. И покрај тоа што целта на балетот Киров е да ја воодушеви публиката, еден човек создава сензација, која одекнува многу подалеку од сцената: возбудливиот млад танчер Рудолф Нуреев. Неодоливо убав и желен за култура, Нуреев веднаш се вљубува во градот. На големо негодување од страна на неговите телохранители од тајната КГБ служба, тој секојдневно оди на прошетки низ Лувр и ги посетува градските џез-клубови со една чилеанска наследничка, што води до суштинско отворање на очите.

programa-za-cinedays-9-11-2018-01.jpg

Фестивали и награди / Festivals and awards:

Телуиде филмски фестивал

Лондон филмски фестивал

Telluride Film Festival; London Film Festival

Кино Фросина

17:00 Хотел Југославија

режија Николас Вагнерс - Специјална селекција

Изграден во Нов Белград во 1969 година, хотелот „Југославија“ беше митско место. Тој беше и симбол и сведок на разните моменти што ја обликуваа поранешна Југославија: од Тито до Милошевиќ, од социјализам до национализам, од бомбардирањата на НАТО до корумпиран економски либерализам. Денес, тој сѐ уште го прогонува белградскиот пејзаж, како одраз на едно српско општество во потрага по нови достигнувања. Со ова патување низ времето и просторот на зградата, режисерот, кој е Југословен по мајка, но роден во Швајцарија, ја истражува колективната потсвест, како и делови на сопствениот идентитет.

programa-za-cinedays-9-11-2018-05.jpg

Фестивали и награди / Festivals and Awards:

Сан Паоло филмски фестивал

Берлински филмски фестивал

Тајван меѓународен фестивал за документарен филм

Солунски фестивал за документарен филм

Филмски фестивал за архитектура Ротердам

19:00 АДРДА

режија Му Тунк - СинеБалкан селекција

Озан е млад панк-рокер во Истанбул. Тој сонува да издаде плоча во Калифорнија. Неговиот татко, Алтан, е поранешен музичар чијашто кариера била завршена со обид за државен удар. Тој стравува за иднината на Озан. Дента на деветнаесеттиот роденден на Озан, тие влегуваат во жестока расправија. Озан си заминува и оди да се сретне со неговиот пријател Дениз, кој му кажува дека следното утро има брод што оди за Калифорнија. Озан и неговата девојка Лара го шетаат градот и одат на домашни забави, диско рејв забава на отпад и во еден шиша-бар во потрага по билетот.

Фестивали и награди / Festivals and awards:

!Ф Инстамбулски фестивал за независен филм

Сенсориа музички и филмски фестивал

21:00 Магнолија

режија Ана Опачиќ - Кратки филмови Макеоднија

Под симболиката на насловот „Магнолија“ (Магнолија грандифлора) – украсно дрво со големи цветови, гледачот полека го открива животот на средовечната професорка по литературата, во едно доцно летно попладне, растргната помеѓу минатото и сегашноста во кои сè уште не нашла место за себе. Но, еден телефонски повик ќе ја прекине нејзината вегетација, оптоварена со секојдневната работа и сеќавањата што ја прогонуваат.

Брак

Режија Блерта Зекири - Сине Балкан селекција

Нивната венчавка е за само две недели, па Анита и Беким ги прават последните подготовки за нивниот голем ден. Помеѓу исчекувањето вест за родителите на Анита, пријавени за исчезнати уште за време на војната во Косово во 1999 г., и семејството на Беким, кое сака сѐ да држи под контрола, парот некако успева да се снајде со подготовките. Но, кога поранешниот таен геј љубовник на Беким, Нол, неочекувано ќе се врати од странство, ситуацијата се усложнува, посебно кога Беким сфаќа дека Нол сѐ уште е вљубен во него.

Неизбежно, свадбената веселба станува исполнета со тензија кога почнува да се разоткрива необичниот љубовен триаголник.

programa-za-cinedays-9-11-2018-02.jpg

Фестивали и награди / Festivals and awards:

Талин филмски фестивал на црни ноќи  -Фипреци награда и Специјална награда од жири

Кливленд филмски фестивал

Лука филмски фестивал

Трансилванија меѓународен филмски фестивал

Џебно кино

17:00 Хотел Гагарин

режија Симон Спада - Специјална селекција

Петмина Италијанци без скршена пара што ја чекаат својата голема шанса се испратени да снимат филм во Ерменија. Но, кога ќе пристигнат таму, избувнува војна и нивниот нечесен продуцент исчезнува со парите. Додека седат напуштени во хотелот „Гагарин“, длабоко во шумата и затрупан под снег, наоѓаат оригинална и неочекувана можност за незаборавна среќа.

programa-za-cinedays-9-11-2018-04.jpg

Фестивали и награди / Festivals and Awards:

Италијански национален синдикат на филмски новинари – номинација за најдобар продуцент

20:00 Младешка осаменост

режија Клер Симон Eye on films селекција

Клер Симон ни прикажува еден важен период од животот на секој човек, од 16 до 18 години. Сместени во едно париско предградие во средно училиште (за оние што се доволно среќни воопшто да одат на училиште), тинејџерки разговараат по и за време на часовите, седнати во школските ходници или надвор на некоја клупа, гледајќи во градот под нив. Клер Симот поставува кинематографски дијалог со тинејџерките, кои зборуваат за нивниот личен живот, за нивните семејства, но и за страстите и осаменоста.

22:00 Бети: велат дека сум поинаква

режија Филип Кокс Музички документарни филмови

Таа „беше првата…“, како што вели нејзиниот поранешен сопруг Мајлс Дејвис. „Мадона пред Мадона, Принс пред Принс“. Амбициозна музичарка од мало гратче, Бети Дејвис влегува во музичката сцена од 70-те. Се здружува со Џими Хендрикс и Слај Стоун, се мажи за Мајлс. Потоа, и покрај забраните и бојкотот, ќе стане првата црна жена што изведува, пишува и се менаџира самата. Бети беше пионерка на феминизмот, инспиративна и застрашувачка како ниедна жена пред неа. И потоа одеднаш, едноставно исчезнува. Бети Мејбри Дејвис е глобална икона чијашто мистериозна животна приказна никогаш досега не била раскажана.

Фестивали и награди / Festivals and awards:

Меѓународен фестивал на документарен филм Амстердам

Лисабонски филмски фестивал

Пертски филмски фестивал

Музичка програма

23:00 TAU – концерт  

За прв пат во Скопје директно од Берлин трансцеденталното психоделично племе – TAU!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg