Програма за Бела Ноќ 2018
- Детали
- четврток, 04 октомври 2018
На 6-ти октомври 2018 (сабота) Скопје им нуди на граѓаните квалитетна програма по повод Бела ноќ која се одржува по 14-ти пат.
На повеќе места низ градот ќе се одржуваат различни културни настани – од музички точки, до изложби и претстави по сечиј вкус и за сечија возраст.
Возењето во градските автобуси на ЈСП, кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19:00 часот до раните утрински часови, ќе биде бесплатно.
Во продолжение погледнете ја целосната програма за Бела Ноќ 2018:
11:00 > Кино Милениум
*КИНЕНОВА – Бесплатни филмски проекции
17:00 - 19:00 > Детски културен центар - Карпош
*Изложба на детски цртежи
18:00 - 19:30 > Лептокарија – широкиот плоштад пред Кофеин
*Детска програма со Колектив Ветерница - „Ветеруваме и опоменуваме”
18:30 > Железничарска зграда
*„Кога зградите би зборувале - кино за заедницата“
18:30 - 20:30 > Млечен ресторан – плато
*Отворена детска работилница за уметност со Доротеј Нешовски
19:00 - 20:00 > Градски парк – тревник кај лавиринтот
* „Е'н 2 три“ на Бела ноќ
19:00 - 05:00 > МКЦ
PMG Recordings Festival 8 Sonična Mladost
19:00 > НУБ
*„Опскурно Скопје"
19:19 > КИЦ
*Изложба на средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“
19:30 - 22:00 > Плочник зад Соборен храм
*fund raising за фестивали
19:30 > Национална галерија на Македонија - Мала Станица
*Театарска претстава „Подигни ме“, во Продукција на Театар Пи
20:00 > МКЦ
*Архитектура, помеѓу архитектурата
20:00 > Музеј на Град Скопје
*ПАТЕМ – Друштво со ограничена одговорност
Весна Дунимаглоска, Ѓорѓи Крстески, Станко Павлески - перформанс и инсталација
20:00 и 21:30 > Кинотека на Македонија
*Проекција на филмови во рамки на Скопје Синема Сити
20:00 > СУГС„Никола Карев” – Скопје
*Голема свирка на мали бендови + специјални гости Roma Rock School
20:00 - 23:00 > Спомен-куќа на Мајка Тереза
*Изложба на германски автори + диџеј сет на Александар Балдазарски
20-22:30 > ГТЦ Кров
*Кино на кров - Ехо Фестивал
20:00 > Плоштад
*„Визија Скопје“ - Инсталација на Ненад Тонкин и Јана Јакимовска
20:00 > Сквер Јадран
*Концерт на Градски дувачки оркестар
20:00 > Плоштад Карпошово Востание (Ибни Пајко маало)
*Отворање на првиот меѓународен фестивал на светлина „Skopje Art Light District"
20:00 > МКЦ
*Изложба на картички за бетонско Скопје од Филип Конески
20:00 > МСУ
*"Концерт на Дуња Иванова & Ана Пандевска „ГРАДОТ УБАВ И ГРАДОТ ШУГАВ - Свита за Скопје“ / Проекција на филм „Метеори“
20:00 > Македонски народен театар
*Театарска претстава „Јулие Цезар" во изведба на НУ Народен театар - Битола
20:00 > Public Room
* Импров Група
20:30 > Кеј кај Дрво декор
*Поетско читање
21:00 > Плочник зад Соборен храм
*Инсталација на францускиот уметник Antez
21:00 > СУГС Гимназија „Орце Николов“ - Скопје
*Претстава „Образование?! Абе ајде!“
21-22:30 > О.У. „Јохан Хајнрих Песталоци“ - Скопје
*Вело кино
21:00 > ДК Кочо Рацин
*Изложба на Стрип центар на Македонија - Велес
22:00 - 01:00 > ГТЦ галерија
*roller disco со dj Дарко Марковски
22:00 > KINO Kultura
*Претстава „Физика на тагата“ во изведба на Театар Куманово
22:00 > Драмски Театар Скопје
*Театарска претстава „Синиот портокал" во изведба на Театар „Џинот“ од Велес, од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски
цела вечер > Музеј на Македонија
*Постојана поставка „Етнологијата на Македонија“ и постојана историска поставка „Македонците бегалци од Втората светска војна и Граѓанската војна во Грција 1940 - 1949“