#ПочниСоВодно - иницијатива да останеме здрави и во форма, со афтерворк на Водно
- Детали
- среда, 21 јуни 2017
Ова не е иницијатива само за почетници, ова е иницијатива за да останеме здрави, и да си ја подигнеме формата!
Овој четврток ќе имаме поинаков афтерворк, ќе биде со бенд на врв на Водно. Музичари кои свират кавери на странски хитови, македонска музика (Тоше, Влатко Стефановски) млади музичари на кои допрва им доаѓа времето. `Dad е името на овој млад бенд. Дојдете да ги поддржиме, може да понесете и ситно, за ако ве погоди некоја песна да ги наградите :D
- На ивентот ќе бидат објавени - кој ќе не забавуваат во четврток и дали ќе успееме и овој четврток да ви приредиме изенандување :)
- Сите информации ќе бидат објавени на Фејсбук настанот.
Сѐ што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 18:30 часот ПРЕД Кочо Рацин. Понеси си ранец во кој ќе имаш 1л вода, шушкавец или тенка јакна и горен дел (маица/блуза) за да се пресоблечеш на врв. Секако, да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка. Пожелно е челна ламба или какво било светло кое ќе ти го осветлува патот.
И тоа е сѐ. За сѐ друго ќе се погрижиме ние.
Се дружиме секој четврток на Водно додека имаме убаво време или до почетокот на есенските дождови ;)
Не ја пропуштајте енергијата која владее горе.
*** Планинарскиот дом на врв на Водно ќе биде отворен понесете си пари за чај / вода.
ВРЕМЕ И МЕСТО:
- Време на тргање 18:30 часот
- Место: OУ. Кочо Рацин
- Враќање: Најдоцна 22:30 часот - тргнување од врвот за надолу
ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 1 л.
- суво овошје, сендвичи и сл.
НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.