Време е за Прв до врв, во недела сите на Водно

Во недела на 21 мај ќе се одржи петтото издание на најголемиот планински спортски настан во регионот, ПРВ ДО ВРВ 2017 на скопско Водно.

vreme-e-za-prv-do-vrv-vo-nedela-site-na-vodno-01.png

Омилениот настан на скопјани и оваа година во програмата ги има трките во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам, како и традиционалниот пикник на целта кај врвот, по завршувањето на трките на кој е предвидена музичка програма и церемонија на прогласување на победниците.

Стартовите на трките се закажани во 9 часот и 45 минути кај Музејот на град Скопје за велосипедистите, и во 10 часот кај основното училиште Кочо Рацин за оние кои ќе се натпреваруваат во трчање и планинарење.

vreme-e-za-prv-do-vrv-vo-nedela-site-na-vodno-1.jpg

Пријавувањето за учество е се уште отворено преку веб страната. Регистрираните учесници ќе можат да ги подигнат своите стартни пакети во петок и сабота на плоштадот Македонија, а оние кои доаѓаат од другите градови и држави истото ќе можат да го сторат и во недела, на денот на трката, од 8 до 9 часот кај ОУ Кочо Рацин.

Настанот го организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв во соработка со градот Скопје и со поддршка на деловната и општествената заедница.

vreme-e-za-prv-do-vrv-vo-nedela-site-na-vodno-2.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg