Древниот Рим оживеа во Скопје

Вљубениците во римската култура денеска го посетија меѓународниот фестивал Scupini Romani и го  видоа и почувствуваа секојдневниот живот на старите Римјани.

drevniot-rim-ozivea-vo-skopje-2.jpg

Трпеза со римски леб, старо вино и паштети и намази од различи семиња, луѓе облечени во туники и тоги прекриени со римски наметки, работилница во која се изработуваа керамика, накит, метал и мозаици од древните времиња. Сето ова беше дел од реконструираната римска населба во комплексот „Ореов лад“ во Скопје, која што денеска (недела, 6 ноември) беше собиралиште на голем број вљубеници во древната римска култура.     

  Импровизираната населба беше подигната за потребите на меѓународниот фестивал на древна римска култура Scupini Romani кој првпат се одржува во земјава. Манифестацијата ја организираше Центарот за научно истражување и промоција на културата „Хаемус“ од Скопје. Во римската населба посетителите го видоа и почувствуваа секојдневниот живот на старите Римјани, нивната мода, накитот што го носеле, садовите од кои јаделе, начинот на кој ја приготвувале храната, како и занаетите што ги практикувале.

drevniot-rim-ozivea-vo-skopje-1.jpg

Посетителите вкусија од изложената храна приготвена по рецепти од тој период, а низ импровизираната римска населба беа распоредени работилници за керамика, накит, обработка на метал, плетење, како и на мозаици. Стручни лица од секоја област на присутните им ги објаснуваа постапките на изработка, материјалите кои што се користеле тогаш, како и севкупниот начин на живот во древното Римско царство.  

   - Преку овој фестивал се обидовме да го реконструираме секојдневниот живот на населението во стариот Рим. Се обидовме да ги визуелизираме дел од верувањата, традициите, модата, храната и занаетите преку работилници на кои ги покажавме античките техники при изработките на предметите. Интересот на граѓаните за Scupini Romani покажа дека сме ја исполниле главната цел, а тоа е популаризација на културното наследство од римскиот период преку едукација на еден несекојдневен, интересен начин. Се надевам дека оваа манифестација ќе стане традиционална – рече Василка Димитровска, директор на „Хаемус“ по завршувањето на манифестацијата.

drevniot-rim-ozivea-vo-skopje-3.jpg

Присутните на настанот си заминаа со сувенири инспирирани од богатото културно наследство од римскиот период откриено на територијата на Република Македонија.

Идејата за фестивалот Scupini Romani датира од 2012 година, а мотивот за неговото организирање потекнува од фактот што Македонија има силни врски со древната римска култура поради тоа што територијата на земјава со векови била дел од Римското царство. Манифестацијата е инспирирана од археолошкиот парк „Виминациум“ во Србија, од каде всушност произлезе идејата да се организира Scupini Romani во Македонија и тие да бидат поканети како официјални партнери на настанот.

drevniot-rim-ozivea-vo-skopje-4.jpg

drevniot-rim-ozivea-vo-skopje-5.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg