Оваа недела, на 2-ри октомври е светската премиера на филмот „The Fourth Phase“ на Red Bull TV
- Детали
- петок, 30 септември 2016
Санта Моника, Калифорнија – По распродадената светска турнеја, “The Fourth Phase,”, со нетрпение очекуваниот следен филм по епското остварување за сноубординг „The Art of FLIGHT“, ќе ја има глобалната премиера оваа недела, на 2 откомври, во 21 часот, на Red Bull TV.
„Четвртата фаза“ ја раскажува приказната за Тревис Рајс кој тргнува на патување околу Северниот Пацифик, низ пејзажи кои се гледаат само на сон, каде што открива многу повеќе отколку нови предели. Стартуван во 2013 година и целосно сниман во 4К или повисока „Ултра ХД“ технологија, „Четвртата фаза“ отвора нови хоризонти, користејќи уметничка мешавина на акција, приказна и филмска камера за да му даде живот на ова вчудоневидувачко дело.
Величествената оригинална музика од Киши Баши, и хипнотизирачкиот саунд трак на кој свој придонес дадоа и Фолс, Сигур Рос, М83, Чарлс Бредли создава уште повозвишено искуство.
Глобалната премиера на „The Fourth Phase“ е во недела, на 2 октомври, во 21 часот. Ова еднократно бесплатно емитување може да се гледа ексклузивно само на Red Bull TV или на Red Bull TV како апликација на уредите. Погрижете се да се вклучите порано за шоуто пред премиерата кое ќе започне во 20:30 часот, каде се забележани гафовите од светската турнеја на „Четвртата фаза“, кога актерите и екипата ќе го споделат филмот со фановите низ светот. Филмот ќе биде пуштен во продажба од 3 октомври, како ДВД, Блуреј, колекционерско издание 3 во1 и за дигитално даунлоадирање.
Премиера на „Четвртата фаза“ во Скопје ќе биде организирана во Кино Карпош, во недела, 2 октомври, со почеток од 20 часот, а сите заинтересирани за ова неповторливо филмско остварување повеќе информации можат да најдат на следниот линк http://screenings.thefourthphase.com/xmkdsnowshow
„Четвртата фаза“е овозможена со чудесната поддршка од филмските партнери меѓу кои DC, GoPro, Quiksilver, Skullcandy и Toyota.
Посетете ја страницата TheFourthPhase.com и следете ги филмовите на Red Bull Media House на Фејсбук, Твитер, Јутуб и Инстаграм ако сакате да дознаете повеќе за „Четвртата фаза“.