Дипломците од Универзитетот Шефилд донираат и повикуваат и други да ја поддржат иницијативата

Македонските дипломци од Универзитетот Шефилд, се вклучуваат во глобалната хуманитарна иницијатива за организирање донаторски акции за обезбедување помош онаму каде што е најпотребно. За таа цел тие организираат донаторска акција за собирање средства за продолжување на лекувањето на Елена Смилеска.

diplomcite-od-univerzitetot-shefild-doniraat-i-povikuvaat-drugi-da-ja-poddrzat-inicijativata-1.jpg

Акцијата ќе виде организирана од 19ти до 22ри мај на четири локации низ Скопје, поточно во кафе бар Љубов, кафе бар Синдикат, Mr. Jack и бар и ресторан Форца. Во овој период на наведените локации ќе бидат поставени кутии за донации, каде секој граѓанин ќе може да ја поддржи акцијата и да донира за 13 годишната Елена Смилеска.

Елена во моментот води голема битка за себе и своето здравје и подлежи на посттрауматска рехабилитација која семејството само не може финансиски да си ја дозволи. Затоа потребно е помош и ангажман од сите хумани луѓе за заедно да и се помогне на Елена да ја победи оваа тешка битка.

Со акцијата за собирање средства за лекувањето на Елена, дипломците се приклучуваат и кон глобалното одбележување на 111 години од постоењето на Универзитетот Шефилд.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg