Ни претстои забавен семеен викенд со големи попусти: Oд 13-ти до 15-ти мај Саем за деца во Skopje City Mall

Скопје (10.05.2016) Детската среќа и насмевка на лицето се богатско кое секој родител го посакува за своите деца, а токму тие ќе бидат во фокусот викендот кој што ни следува. Имено, од петок (13-ти мај) до недела (15-ти мај) во Скопје Сити Мол ќе се одржи 7-от по ред Саем за деца.

ni-pretstoi-zabaven-semeen-vikend-so-golemi-popusti-od-13-ti-do-15-ti-maj-saem-za-deca-vo-skopje-city-mall-01.jpg

Изминатите саеми предизвикаа големо внимание во јавноста бидејќи освен семејната забава, дружењето, арт и крафт работилниците, спортските активности, пеењето, танцувањето, подароците, заедничките игри помеѓу децата и родителите, тука се и попустите во продавниците со детска облека, играчки и производи.

Илјадниците насмевки, расположените семејства и детскиот џагор се гаранцијата која ја нуди веќе традиционалниот саем, кој оваа година ќе се одржи по прв пат. Токму новитети како креативните работилници и школата за уметничко цртање со уметникот Љупчо Бојаров, дружењето со рептили заедно со Војо, настапите на Златно Славејче, интерактивните игри за деца доктори, забавните турнири со LEGO коцки и консолите PS4 се она што секое дете ќе го направи среќно.

Воедно, децата ќе имаат можност да научат нешто повеќе за традициноналните македонски занаети преку креативни работилници каде ќе се декорираат колачиња, ќе се изработува накит со разни техники, плетење и везење во соработка со Занаетчиската Комора на град Скопје.

Сите посетители од 17:00 часот во петок, па се до 20:00 часот во недела ќе имаат шанса да креираат и да научат многу нови работи преку креативните работилници и интерактивните игри.

На музичката сцена, најмалите со своите родители ќе имаат неверојатна шанса да уживаат во песните на популарните Златни славејчиња. Популарниот меѓународен проект од едукативен карактер Мече Болница, кој минатиот Саем за деца беше вистински хит повторно ќе може да се погледне од петок до недела во Скопје Сити Мол. Овој интересен проект е создаден од медицински студенти, а целна група се децата, особено оние од предучилишна возраст. Секое дете има можност, својата кукла – мече, да ја однесе во импровизирани медицински оддели (амбуланта, хирургија, лабораторија и аптека), каде се извршуваат лекарски прегледи и медицински зафати.

Посетителите, освен огромната забава, наградните игри и изненадувањата, ќе имаат можност да ги уживаат големите попусти за време на 7-от Саем за Деца и Родители и до 50 отсто во продавниците за детска облека, производи и играчки.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg