Предизвикот наречен Париз: Започнува авантурата Red Bull Can You Make It!
- Детали
- вторник, 12 април 2016
Авантурата наречена RED BULL CAN YOU MAKE IT започнува на 12 април и ќе трае во следните седум дена додека натпреварувачите стигнат на целната линија во Париз. Натпреварувачите ќе појдат од пет европски градови во трката на вкупно 165 тимови која ќе трае една седмица.
Дел од екипите ќе бидат следени со камери, а некои самите ќе се снимаат, за да може да се подготви емисија што секоја вечер во 21 часот ќе се емитува на Red Bull TV, а во последната осма епизода како водители ќе се појават ди-џејот Роман Кемп, презенерот Вик Хоуп и новинарот за екстремни спортови Хејли Едмондс.
Петте града од каде што ќе започне патувањето до Париз се Берлин, Прага, Фиренца, Барселона и Единбург, а секој тим ќе добие по 24 лименки Red Bull. На патот до Париз треба да се поминат најмалку шест од вкупно 45 попатни станици, каде што ќе имаат можност да освојат уште повеќе лименки преку исполнување на предизвици. Победник ќе биде оној тим со најмногу поени освоени при исполнување на предизвиците низ Европа, со што треба да ги одушеват своите следбеници преку социјалните мрежи.
Македонскиот тим е составен од тројца студенти на ФИНКИ: Борос Соколов, Марко Рочевски и Волхан Салаи. Нивниот тим се вика „Борово“ и беше меѓу оние кои доби најмногу гласови од публиката, а потоа беше селектиран од жирито. Можете да ги запознаете македоснките кандидати за победа на овој линк.
- Јас сум студент во втора од четирите години на мојот факултет. Зборлест сум, отворен и склон кон авантури. Постојано сум со семејството или другарите, мразам кога сум сам. Фактот што на ова неверојатно и уникатно авантуристичко патување одам со моите двајца најдобри другари ме прави мошне среќен. Благодарни сме што ни ја дадовте шансата, ви ветувам дека нема да ве разочараме,- вели Борис.
- Ги сакам патувањата, забавите и испробувањето нови нешта. Ова патување е микс на сето тоа и знам дека ќе биде најдоброто искуство во мојот живот,- додава Марко.
Волхан е третиот член на ова друштво кој ги сака екстремните спортови, пред се скјетбордингот.
- Верувам дека се можам да постигнам ако вложам доволно време и мисли во тоа. Ги сакам авантурите и се она што ме вади надвор од зоната на конфорот. Го сакам скејтбордингот, трчањето и возовите!
Авантурата ќе може да се следи на веб страната www.redbullcanyoumakeit.com или преку хаш-тагот#CANYOUMAKEIT16 преку интернет мрежите. ТВ серијата со најдобрите дневни згоди ќе се прикажува од 12 до 19 април на Red Bull TV. Овој канал е достапен на поврзаните телевизори, играчки конзоли, мобилни и други уреди.
За комплетна листа на поддржани уреди посетете ја страната about.redbull.tv.