Едукативна посета на Соларната фарма „Фотоволт“ и Белчишкото блато
- Детали
- понеделник, 11 април 2016
На 7 Април, 45 млади од Македонија, Норвешка, Германија, Хрватска, Грција, Шпанија и Велика Британија ја посетија соларната фарма „Фотоволт“ и Белчишкото блато во општина Дебарца.
При посетата на соларната фарма младите имаа можност да научат за процесот на производство на електрична енергија преку соларните панели, законската регулатива, складирање и дистрибуциуја на енергијата, пазарот на енергија и позитивните и негативните страни на оваа технологија. Соларната фарма „Фотоволт“ е во функција од 5 Август 2015 и има капацитет од 47,52 kW/h.
За време на посетата на Белчишкото блато „Сини вирој“ претставник од секторот за екологија и туризам од општина Дебарца имаше кратка презентација за историјата на блатото, бројните извори и биодиверзитетот во околината на блатото пространо на територијата помеѓу с.Ново Село и с.Белчишта. Во текот на оваа посета се отвори дискусија за како климатските промени влијаат на биодиверзитетот и природниот капацитет на изворите во последните 10 години.
Едукативната посета е дел од младинската размена „Разбуди се – Преземи акција“, проект од програмата „Еразмус плус“ финансиран од Норвешката национална агенција, за кој младинската еколошка организација Гоу Грин Скопје се јавува во улога на домаќин и организатор.