Бизнис караванот на Еуролинк ја посети и Струмица
- Детали
- четврток, 07 април 2016
(Струмица, 7 април, 2016г.) Вчера попладне во преполниот ресторан на хотелот „Сириус“ во Струмица се одржа голем бизнис настан во рамките на Бизнис Комплет караванот на Еуролинк Осигурување. Повеќе од стотина сопственици и менаџери на мали и микро претпријатија од Струмица и околината, имаа можност да се запознаат со Бизнис Комплет пакетот, предностите на осигурувањето, како и ризиците и опасностите по секојдневното работење на нивните бизниси.
Бизнис Комплет е уникатен пакет кој обезбедува единствени решенија и покритија за целосно осигурување на малите претпријатија кои имаат деловни и продажни објекти, како колонијалните продавници, мини маркетите, аптеките, парфимериите, козметичките салони и други.
‘‘Длабоко веруваме дека создадовме продукт кој ќе даде вистинска поддршка и ќе придонесе малите претпријатија да можат посигурно да чекорат кон остварување на своите бизнис-цели. Преку караванот веќе и лично се запознавме со потребите и проблемите на малите бизниси во Скопје, Битола и Прилеп, каде наидовме на навистина голем интерес за Бизнис Комплет пакетот. Еуролинк и во иднина ќе продолжи со иновативноста и развивањето на нови бизнис решенија.“ – изјави Марија Томеска, претседател на управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Вчерашниот настан беше четвртиот од серијата настани од Бизнис Комплет караванот, кој во текот на април ќе продолжи и во другите градови низ Македонија.