„Добар проект“ во Јавна соба – Хуманитарна аукција за млад виртуоз

„Добар проект“ е платформа преку која се дава финансиска и морална поддршка на исклучително талентирани деца во Македонија. Помошта се нуди онаму каде што е најмногу потребна – одење на натпревар, посета на специјализирана школа или пак часови кај врвен експерт.

dobar-proekt-vo-javna-soba-humanitarna-aukcija-za-mlad-virtuoz-01.jpg

Во среда на 6 април со почеток во 19.00 часот во мултимедијалниот центар Јавна соба (Public room) во Скопје ќе се одржи аукција на делата на Ване Костуранов, Руки Чуки и ИндОг, уметници кои специјално за настанот создадоа свои дела за поддршка на Милан Дучевски, како прв добар проект.

Кој е Милан Дучевски?

dobar-proekt-vo-javna-soba-humanitarna-aukcija-za-mlad-virtuoz-02.jpg

„Милан е 10-годишен млад виртуоз кој со својата индивидуалност ги освојува срцата на публиката”, рече жирито минатата година во Белград каде што тој доби прва награда на меѓународниот натпревар во свирење клавир и диплома за освоени максимум бодови. 

Тој има добиено преку 7 први награди на домашни и меѓународни натпревари што е голем успех за еден пијанист кои само неполни четири години учи да свири клавир.

За да ги остварат своите цели, Милан заедно со својот ментор од Пијано Форте - Маја Стојановиќ, потребни се 3.500 евра за да можат да одат на европскиот натправар во Италија 8th International Competition"Giovani Musicisti" Città Di Treviso, во април, следната година.

Настанот е поддржан од Портрет магазин, Навигаторс и Пијано форте.

dobar-proekt-vo-javna-soba-humanitarna-aukcija-za-mlad-virtuoz-03.jpg

dobar-proekt-vo-javna-soba-humanitarna-aukcija-za-mlad-virtuoz-04.jpg

dobar-proekt-vo-javna-soba-humanitarna-aukcija-za-mlad-virtuoz-05.jpg

(О)Милена | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg