Превртете ги нештата наопаку и погледнете дали можеби така изгледаат подобро

prevrtete-gi-nestata-naopaku-i-poglednete-dali-mozebi-taka-izgledaat-podobro-06.jpg

Со забавата на Absolut водка вчера во Станица 26 на промоцијата на новогодишното пакување Absolut Electrik, мајсторски го смени начинот на игра, менувајќи ја конверзацијата и ре-создавајќи се одново со цел да продуцира и понуди нешто повеќе за своите фанови. Меѓу гостите беа бројни познати јавни личности, а за атмосферата беше заслужен ДЈ Зоки Бејбе. Атракција на вечерта беа и барменките кои висеа одозгора и ги служеа гостите кои беа импресионирани од новите вкусови на Absolut Electrik.

„Горди сме што можеме да ја презентираме нашата најнова едиција претставена во Absolut Electrik со метален опсег, достапни во сина и сребрена боја што евоцира чувство на енергија способна секоја ноќ да ја претвори во „електронска„  и да додаде инфузија од креативност и трансформација“ – изјави Лука Луковски од Absolut.  

Absolut Electrik ја содржи истата добро позната шведска вотка како и вообичаеното пакување Absolut водка. Направена е од исклучиво природни. Absolut има богат, полн и комплексен вкус, но мазен, весел и со посебен шмек. Сите вариации на Absolut водките се направени во иста дестилерија, со пченица од истите области и проверена вода од сопствен извор.

„Absolut Electrik ја продолжува традицијата на воведување на ограничени изданија на крајот на секоја година. Шишињата-близнаци се достапни во електронски-сина и сребрена боја, со полу-транспарентен слој кој креира проѕирни рефлексии. Комбинацијата од двете бои ја креира препознатливата кобалт-сина Absolut боја, која естетски потсетува на трепкачки светла и пулсирачки битови. Ги повикувам сите да ја пробаат и одговорно да уживаат во забавата со најблиските за празниците кои доаѓаат“ - додаде Луковски.

Мисијата на Absolut Electrik преку новата филозофија „Трансформирај ја денешницата“ е да ги поддржи соработките помеѓу артистите и фановите на Absolut, да овозможи проекти и инсталации, како и продукција на музика која ја застапува токму „трансформацијата“. 

Ова е надоврзување на претходните напори на Absolut да се фокусира на соработки со познати уметници и дизајнери како Енди Ворхол, Луиз Буржуа и Демијан Хирст. Absolut ја продолжува својата долгогодишна традиција на работа со "врвни уметници", но овој пат нештата ќе се прават поинаку и со повисоки амбиции за поврзување со Absolut фановите ширум светот.

prevrtete-gi-nestata-naopaku-i-poglednete-dali-mozebi-taka-izgledaat-podobro-01.jpg

prevrtete-gi-nestata-naopaku-i-poglednete-dali-mozebi-taka-izgledaat-podobro-02.jpg

prevrtete-gi-nestata-naopaku-i-poglednete-dali-mozebi-taka-izgledaat-podobro-03.jpg

prevrtete-gi-nestata-naopaku-i-poglednete-dali-mozebi-taka-izgledaat-podobro-04.jpg

prevrtete-gi-nestata-naopaku-i-poglednete-dali-mozebi-taka-izgledaat-podobro-05.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg