Новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар вчера беше свечено отворен
- Детали
- петок, 02 октомври 2015
30 септември беше посебен ден за љубителите на возилата BMW и MINI во Македонија. Свеченото отворање на новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар, главен увозник и дистрибутер на возилата BMW и MINI за Македонија и Кососво беше забележан со многу изненадувања.
Присутните гости имаа чест да се запознаат со новите модели на BMW, X1 и новата шеста генерација на BMW Серија 7, кои беа донесени директно од саемот во Франкфурт.
На настанот беа присутни голем број на познати личности од автомобилската индустрија, бизнис фелата, како и естрадни уметници.
„Ми претставува голема чест што вечерва со нас се претставниците на BMW од Минхен, кои со своето присуство ја означуваат поддршката на целата BMW Групација за М Кар. Поседувајќи извонредна инфраструктура, придобивките кои доаѓаат од квалитетот на единствените BMW и MINI возила и работејќи со искусен, обучен и посветен тим, М Кар цели кон највисоките стандарди на грижа и задоволство на своите корисници. Компанијата М Кар е цврсто посветена на повторно воспоставување на брендовите BMW и MINI на премиум позиција на пазарот, преку обезбедување на највисок квалитет на услуга и одржување на постојан фокус кон севкупните премиум стандарди на работа.“, истакна во своето свечено обрќање, генералниот директор на компанијата, Г-дин Марко Јовановски.
На свеченоста се обратија, амбасадорот на Република Бугарија, г-динот Иван Петков, амбасадорката на Федерална Република Германија, г-ѓа Кристина Алтхаусер. Исто така почесен гостин на М Кар беше г-динот Винченс Ресман, Ерија менаџер за Африка, Кариби и Источна Европа кој му додели на генералниот директор на М Кар, Јовановски плакета за официјален старт на новиот продажно сервисен Центар на компанијата М Кар.