Одржани првите аудиции за втората сезона Х-фактор во Македонија!
- Детали
- четврток, 05 февруари 2015
Започна потрагата за новиот музички идол на целиот регион! Втората сезона на најпопуларниот ТВ формат X Factor Adria кој напролет ќе почне да се прикажува во дури пет земји во регионот и втора година на Сител ТВ веќе се подготвува со полна пареа.
Првите дводневни адуции се одржаа токму во Скопје, каде локацијата од дури 5 кино сали беше премала за да ги прими сите заинтересирани кандидати!
Стотици девојки, момчиња, но и тие повозрасните чекаа ред да го покажат свој фактор X.
„Имам мала трема, но слушнав дека не е толку страшно. Иако имам 38 години одлучив да се пријавам за ова шоу, бидејќи никогаш не е доцна да се стане славен! Овде видов и постари од мене“ - со насмевка на лицето ни кажа Марјан Трајковски од Охрид кој на стручната комисија и се претстави со песната „Ti si mi u krvi" од Здравко Чолиќ.
Да потсетиме, првиот дел од процесот на селекцијата го претставуваат аудициите низ целиот регион, каде што пријавените кандидати настапуваат пред стручна комисија која ја ангажира продукцијата на проектот.
Кандидатите кои ќе ја поминат селекцијата на стручната комисија настапуваат во следната фаза на натпреварувањето.
„Мноу сме горди на огромниот интерес за аудициите во Македонија, имаше кандидати и од дијаспората, што особено нè радува и тоа само ја потврдува популарноста на овој ТВ формат. Исто така, интересно е дека оваа година во Скопје се пријавија и цели семејства: мајка, син, ќерка, што ни зборува дека нè следат сите генерации. Атмосферата на првите аудиции беше весела и возбудлива. Веруваме дека така ќе биде и во останатите градови од регионот"- истакна Милена Поповиќ, портпарол на новата продукција Connect Live Media која го реализира шоуто.