Младите луѓе ја менуваат иднината, а промената е тоа што го движи светот!
- Детали
- среда, 26 ноември 2014
Што и е потребно на младината да развие лидерство? Што им недостасува на младите да преземат смели иницијативи? Како младите инспирираат промени?
Со цел да ги добиеме одговорите на овие прашања, да дискутираме на теми поврзани со глобални прашања, но секако и да генерираме нови идеи кои можеме да ги претвориме во акција со цел да имаме влијание врз нашето општество, оваа година АИЕСЕК и Економски факултет-Скопје по втор пат го организираат проектот Macedonian Youth to Business Forum.
На 5-ти декември ќе имате можност да бидете дел од платформата за интеракција помеѓу студентите, бизнис секторот и високо образовните институции на теми за кои вообичаено немате можност да размените мислења и ставови.Ќе имате можност да бидете предводени низ едно уникатно и интерактивно искуство.
Македонските бизнис лидери ќе бидат поканети да го споделат своето знаење на одбраната тематика на форумот и преку кратки и моќни разговори ќе имаат за цел да ве инспирираат. Ќе бидете дел од работилници, креирање на идеи, проширување на вашите перспективи и гледишта на проблемите и прашањата врзани со темата на Форумот...
Но најважно, ќе се стекнете со знаења, сопствени мислења и ставови кои ќе ви помогнат да ги увидите проблемите со кои се соочуваме и чекорите кои треба да ги преземеме за да создадеме едно подобро општество.
Затоа, чест и задоволство ни е да ве поканиме да бидете дел од овогодинешниот Macedonian Youth to Business Forum.
Датум: 5-ти декемвери 2014
Локација: Економски факултет-Скопје
Котизација: 250 денари
За повеќе информации посетете ја официјалната веб страна и Фејсбук фан страната.