Најубавите македонски девојки во акција

УСПЕШНА ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА НА ГУТЕ ФРУХТЕ И ЦРВЕНИОТ КРСТ

Насмеани лица, добра забава, згодни девојки и многу хуманост го одбележаа овој викенд во спортскиот центар Форца. Гуте Фрухте во соработка со Црвениот Крст на Македонија направија извонреден настан кој ќе се памети.

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-01.jpg

Се одржа првиот хуманитарен турнир во одбојка на плажа на кој учествуваа познати девојки од јавната сцена меѓу кои Марјана Станојковска, Ана Стојановска, Ивана Илиевска, Бона Пауновска, Флора Шабани, заедно со едни од најдобрите и најзгодни одбојкарки во Македонија, а "тешката" задача да биде судија ја имаше Жаре од ток шоуто Еден на Еден.

Гуте Фрухте донираа речиси еден тон сокови од нивниот асортиман за социјално загрозени семејства, а пред почетокот на турнирот го објавија почетокот на седуммесечниот проект “Создаваме Заедно” кој го прави заедно со Црвениот Крст на град Скопје и кој е наменет за слепите и слабовидни лица.

Од Гуте Фрухте ги повикаа и другите компании да го следат нивниот пример и на дело да се покажат со вакви хумани активности. Во меѓувреме, за нив оди едно големо БРАВО, а за вас препорака веднаш да ги пробате одличните сокови на Гуте Фрухте доколку сеуште не сте го сториле тоа.

На сите инволвирани Гуте Фрухте им се заблагодарува за учеството од свое и од име на Црвениот Крст.

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-1.jpg

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-2.jpg

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-3.jpg

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-4.jpg

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-5.jpg

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-6.jpg

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-7.jpg

najubavite-makedonski-devojki-vo-akcija-8.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg