Згодни и хумани: Македонските познати девојки во функција на хуманоста

На 22.06. недела во 20 часот, спортскиот центар Форца ќе биде местото каде ќе се одржи хуманитарен мини турнир во одбојка на плажа, на кој ќе учествуваат едни од најубавите наши познати девојки, Марјана Станојковска, Власта Ружиновска, Бона Пауновска, Ана Стојановска и многу други.

zgodni-i-humani-makedonskite-poznati-devojki-vo-funkcija-na-humanosta-01.jpg

За регуларноста и фер победа ќе се погрижат водителот на ток шоуто Еден на Еден, Жарко Димитриоски и легендата на спортското новинарство, Атанас Костовски.

Турнирот е во организација на Гуте Фрухте, одличниот нов сок на нашиот пазар и Црвениот Крст на град Скопје. Ќе се донираат речиси еден тон сокови за ранливите категории на население, бездомници и социјално загрозени семејства, а со настанот ќе започне и седуммесечниот проект на Црвениот Крст поддржан од Гуте Фрухте, “Создаваме заедно”. Преку истиот, меѓу другото ќе се донира и специјална компјутерска опрема за училиштето за слепи и слабовидни лица “Димитар Влахов”.

zgodni-i-humani-makedonskite-poznati-devojki-vo-funkcija-na-humanosta-02.jpg

Ќе има и многу специјални изненадувања за сите вас кои ќе присуствувате на настанот, така што воопшто не размислувајте и дојдете во Форца оваа недела во 20 часот, дружете се со вашите омилени познати личности и секако, бидете хумани! Ние сигурно ќе бидеме таму и во понеделник ќе ве известиме за тоа како поминал настанот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg