Каролина ја испрати публиката со бис од фоајето на МОБ
- Детали
- среда, 26 февруари 2014
После петте распродадени концерти, дополнителниот шести концерт, Каролина емотивно го заврши со бис во фоајето на Македонската опера и балет.
Наместо стандардното враќање на бис како сите претходни концерти, овојпат специјално како свечено затворање на концертниот маратон за најновиот албум „Македонско девојче 2“, Каролина на оригинален начин ги испрати фановите.
Во фоајето заедно со сите обожаватели заедно ги пееја хитовите „Чалгиска“ и „Две лири“. По завршувањето на бисот повеќе од еден час Каролина потпишуваше автограми и се фотографираше со фановите кои чекаа во редици за да се поздрават со својата миленичка.
Каролина уште еднаш докажа како вистинска музичка дива дека и изворната музика и поинаквите мелодии и аранжмани, со одлична изведба, знаат да допрат до срцата на сите.