McDonald’s Македонија го прославува својот 15-ти роденден!

mcdonalds-makedonija-go-proslavuva-svojot-15ti-rodenden

Најголемиот синџир на ресторани за брза храна во светот „Мекдоналдс“ во четврток ќе прослави 15 години од отварањето на својот прв ресторан во Македонија.

Генералниот директор на Мекдоналдс, Владимир Јаневски на прес конференција во средата информираше дека во изминатиот период, над осум милиони лица ги посетиле рестораните на Мекдоналдс во Македонија.

„Минатата година во нашите ресторани беа регистрирани рекордни 1.817.233 трансакции, односно издадени сметки на потрошувачи“, рече Јаневски, додавајќи дека, според пресметките на компанијата, тоа значи околу двојно повеќе посетители.

Јаневски изрази уверување дека таа бројка годинава ќе биде надмината за неколку проценти.

Мекдоналдс  не планира во блиска иднина да  ја прошири својата мрежа на ресторани во Македонија, туку планира реконструкција на постоечките шест објекти,

По повод роденденот, од Мекдоналд промовираа девет производи кои ќе се продаваат по цена од 33 денари поединечно.

„Во услови на криза направивме напор во континуитет да ги понудиме овие производи по драстично намалени цени“, изјави Ирена Гочевска, маркетинг-менаџер на Мекдоналдс.

Таа најави дека утре во славенечкиот ресторан на Мекдоналдс кај Рекорд, кој беше првиот отворен пред 15 години, ќе има подароци за посетителите, кои ќе се одлучат да купат голем биг мек оброк.

Мекдоналдс поседува над 30.000 ресторани во 120 држави ширум светот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg