Македонец со најдобра критика за студентски филм

makedonec-so-najdobra-kritika-za-studentski-film-povekjeКраткометражниот филм „Крај“ на нашиот постдипломец Димитар Банов на престижната Академија на филмски уметности (ФАМУ) во Прага, Чешка ги доби...


...најдобрите критики  од 25-те прикажани интернационални студетски проекти.

Приказната во 8-минутниот филм на Банов се гради од една типична студентска тема „приемен испит на филмска академија“, во која ексцентричен студент од Балканот сака да ги увери професорите од комисијата дека насилството во неговите филмови е реалност и дел од секојдневието. „Настаните на испитот заземаат чуден, неочекуван тек, така што самиот „приемен испит“ се пртвора во фикција, во филм“, вели Банов.

Критиката е дадена од страна на официјалната комисија на ФАМУ, составена од пет еминентни професори на Академијата, а истата се однесува  за најдобар финален студентски филм за 2011/2012 година.

makedonec-so-najdobra-kritika-za-studentski-film

Банов, сосема прецизно и умно успеал да ги долови емоциите и атмосферата на „пеколните“ приемни за студентите. Затоа, и самиот му препорачав дефинитивно да го испрати својот проект на официјалниот ФАМУ Фест, каде верувам ќе има голем оддек кај публиката, токму поради фактот дека сите присутни студенти ќе се пронајдат и поистоветуваат со „КРАЈ“. -  вели Иво Трајков, шеф на катедрата за монтажа на ФАМУ.

Димитар Банов е еден од тројцата стипендисти за 2011/2012 од проектот на Владата на РМ за студии на оваа престижна филмска образовна институција, а стипендиите се доделуваат во согласност со Меморандумот за разбирање потпишан од Министерството за образование и наука и од Академијата за уметности во Прага, Чешка, со кој се предвидува доделување стипендии за постдипломски и додипломски студии.

ЗА ФАМУ

Основана во 1947 година, Академијата за уметност во Прага, Чешка е една од најстарите и најпрестижни филмски школи во Европа. Сместена во културната знаменитост, дворецот „Лазански“, во центарот на Прага, има важна улога во чешката културна историја во последните шеесетина години.

Во овој дворец се школувале и бројни еминентни светски имиња како Милош Форман, Емир Кустурица, Јиржи Менцел, Рајко Грлиќ, Милан Кундера, Агњешка Холанд и други, а денес, иако национална, оваа школа прифаќа студенти од многу земји. Моментално на ФАМУ се образоваат и неколку македонски студенти по режија и монтажа, додека мнозинството покрај Чеси, го сочинуваат и студенти од САД и од Истокот.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg