„Дедо Мраз дојде со воз“: Специјална новогодишна театарска претстава за деца на Железничка станица – Скопје
- Детали
- понеделник, 23 декември 2024
На сценага, музејот и перонот бр. 1 на скопската железнича станица, вечерва (23 декември, 2024) со почеток од 19 часот, премиерно ќе биде изведена мултумедијалната претстава „ДЕДО МРАЗ ДОЈДЕ СО ВОЗ“.
Претставата ги следи патешествијата со кои се соочува Дедо Мраз пред да стигне на Железничката станица во Скопје и неговото доаѓање е неизвесно, па му треба помош од неговите Елени, Џуџиња, Снешко, но најмногу од неговите обожаватели, децата. Приказната се раскажува почнувајќи од музејската поставка „Зошто Дедо Мраз го одбра железничкиот сообраќај?“ преку мултимедијална театарска претстава „Дедо Мраз дојде со воз“ на сцената на Македонски железници – ИНФРАСТРУКТУРА завршувајќи со разглед на специјалниот новогодишен воз на Дедо Мраз, поставен на перонот бр.1 на Железничка станица во Скопје
Автор и продуцент на проектот е Миодраг Костиќ, а текстот и режијата на Игор Ивковиќ.
Во претставата играат актерите: Дарко Вељиќ, Андреј Серафимовски, Тодор Стојковски, Мила Трајковски, Ведра Димова, Александар Спироски, во кој се вклучени и учениците од училиштето за театар „ОД ИГРА ДО ПРЕТСТАВА“.
Организатори се Училиштето за театар „Од игра до претстава“, во соработка со Јавните претпријатија: Македонски железници А.Д. ТРАНСПОРТ и Македонски железници – ИНФРАСТРУКТУРА.
Билети за претставата се останати само за изведбите закажани за 26.28. и 29. Декември 2024 со почеток од 19 часот и истите може да се купат на билетарницата на Железничка станица – Скопје, секој работен ден од 12 до 19 часот и преку продажната мрежа на МКТИКЕТС.
Резервација на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., како и на телефонскиот број 075 295 905.