Од денеска до сабота - Пиволенд по тринаесети пат во Скопје

Од 16-ти до 19-ти октомври во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи тринаесетото издание на најстариот пивски фестивал во Скопје, Пиволенд.

od-deneska-do-sabota-pivolend-po-trinaeseti-pat-vo-skopje-01.JPG

Фестивалот кој традиционално се одржува од 2009 година, за посетителите ќе понуди повеќе од 30 разновидни брендови на пива, со повеќе од 100 видови индустриско и занаетчиско пиво, вкусни деликатеси како и повеќе од 40 музички артисти. Фокусот и оваа година е на поддршка на македонската музичка сцена и Скопје ќе пулсира во ритамот на рокенролот, реге, панк, хип хоп, поп и блуз, а своја шанса да се претстават пред македонската публика ќе имаат и млади и надежни имиња.

На главната сцена на Пиволенд ќе настапат Бадминтонс, Морал, Паркети, Викеда, Д Далтонс, Пичвајз, Занаду, Деменси, Гуру Харе Бенд, Диџеј Славе, Бело Копче, Огнен Здравковски, Културно Уметнички Работници и многу други.

За најмладите во сабота е подготвена и дневна програма, а на сцената ќе свират млади бендови од училиштата „Ентерпрајз“ и „Мјузик лаб“.

Почетокот на фестивалот денеска е од 18:00, а од организацијата испраќаат покана до сите љубители на пивото и поддржувачи на Пиволенд- „Бидете дел и од овогодишното издание на Пиволенд за заедно да продолжиме една убава скопска традиција и да го исполниме нашето мото- Дојди, види, испиј!“

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg