„Тоше, чест ми е што со твоја песна си го остварив сонот“ – Нела Манческа освои Гран При на „Песните на Тоше Проески“
- Детали
- понеделник, 14 октомври 2024
„Конечно мојот сон се оствари. Гран При на Интернационалниот фестивал Песните на Тоше Проески. Тоше, чест ми беше што пеев песна токму од тебе и што со неа го остварив мојот сон“ - напиша Нела Манческа, победничката на главната награда на натпреварот во пеење кој се одржа викендов во Скопје, во чест на нашиот ангел, чии песни вечно ќе се пеат.
Интернационалниот натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, за првпат кај нас, се одржа викендов во Националната Опера и балет во Скопје.
На гала концертот во склоп на натпреварот, на 12-ти октомври, со почеток во 19 часот, многу млади музички таленти отпеаја некои од најпознатите песни на нашиот ангел Тоше Проески.
Помеѓу нашите мали ѕвездички, на сцената настапија и многу други претставници од Балканот, но и од други европски земји.
„Беше неверојатно искуство да бидеме дел од овој настан, да ги слушнеме талентираните учесници и да го почувствуваме духот на музиката што ја спојува целата публика.
Огромна благодарност до бендот на Тоше Проески за изборот на сите пејачи, како и до сите кои беа дел од ова незаборавно музичко патување“ – напиша организаторот на фестивалот, Марјан Катароски.
Songs of Toshe Proeski 2024
Posted by Marjan Kataroski on Friday, October 11, 2024
Главната награда, Гран При, заврши во рацете на нашата млада пејачка Нела Манческа, која ја отпеа химната за сите деца, „За овој свет“.
На својот Инстаграм профил таа напиша:
„Конечно мојот сон се оствари. Гран При на Интернационалниот фестивал Песните на Тоше Проески. Благодарам за целата поддршка која ја имав вечерва и до организаторот Марјан Катароски.
Благодарам до моите две професорки Александра Коцевска и Андријана Јаневска за целиот труд кој го имате вложено, ова е и ваша награда.
Тоше, чест ми беше што пеев песна токму од тебе и што со неа го остварив мојот сон. Благодарам до мојата мајка, татко и сестра за сè што правите за мене“.
Нејзината мајка пак, на својот Фејсбук профил објави повеќе фотки од наградата на Нела и напиша:
„Гран при на првиот Интернационален фестивал Песните на Тоше Проески. Нела ти си мојот херој.
Огромна чест е што во толку голема конкуренција токму девојче од Македонија ја освои највисоката награда на првиот Интернационален фестивал во чест на нашиот еден и единствен Тоше“
Nela Manceska GRAND PRIX 🏆🏆🏆🇲🇰🇲🇰🇲🇰❤️❤️❤️ na prviot Internacionalniot festival Songs of Toshe Proeski. 🎼🎼🎼💙💙💙. Nela ti si...
Posted by Mirjana Mancheska on Sunday, October 13, 2024
Погледнете дел од настапот на Нела што ќе ве наежи:
Oсвен Нела, и другите учесници имаа извонреден перформанс додека од срце ги пееја песните на Тоше, кои се исклучително тешки за изведба.
Посебен впечаток остави Босанката Емина Бајтаревиќ, која пееше со посебна техника со кукла, а го освоила првото место во групата според нејзината возраст.
Погледнете дел од нејзиниот настап:
М. М. | Црнобело