КОЛОРРАН – атлетска трка која станува скопска традиција

На 17 септември, недела по втор пат се оддржа трката Kolorrun во партнерство со атлетскиот клуб Атомик. Оваа година беа пријавени над 1500 учесници кои трчаа по булеварите долж градот, голем број индивидуални учесници, компании со своите вработени и голем број на деца.

kolorran-atletska-trka-koja-stanuva-skopska-tradicija-05.jpg

Најдолгата патека од 10 километри започна пред Ист Гејт Мол со вртење на раскрсницата кон булеварот Илинден со ул. ,,Манапо”, трката на 2,5 километри исто така со старт пред Ист Гејт Мол со полукружно вртење кај подвозникот прeд мостот ,,Гоце Делчев” и трите трки за дечиња од 100, 200 и 500 метри на булеварот ,,Гоце Делчев” и ул. ,,Беласица” во зависност од возраста.

kolorran-atletska-trka-koja-stanuva-skopska-tradicija-02.jpg

Како и минатата, така и оваа година сите натпреварувачи добија медал, богат стартен пакет и бесплатна колекција на фотографии преку системот Pic2go.

На крајот, сите учесници и поддржувачи беа присутни на забавата и прогласување на победниците односно најуспешните тимови, компаниски тимови и индивидуални учесници. Овој пат забавата беше пред влезот на трговскиот центар каде што се случи спектакл со бои по што е познат овој настан и оваа трка.

Главните спонзори во соработка со атлетскиот клуб Атомик озбезбедија одлични парични награди и голем број на подароци.

kolorran-atletska-trka-koja-stanuva-skopska-tradicija-01.jpg

Трговскиот центар Ист Гејт Мол како општествено одговорна компанија со огромно задоволство го поддржа овој настан кој е мотивација за спортување и градење на спортски навики кај луѓето.

Овој настан полека, но сигурно станува скопска традиција за сите возрасти и оние кои имаат желба за спорт и рекреација. На трката беа пријавени учесници од главниот град, но имаше учесници и од целата држава и регионот.

kolorran-atletska-trka-koja-stanuva-skopska-tradicija-03.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg