У2 добија своја улица
Њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг привремено преименуваше една улица на Менхетен во чест на ирскиот рок бенд Ју ту. Со цел да се одбележи...
...објавувањето на новиот албум на Ју ту и нивното гостување во шоуто на Дејвид Летерман, делот 53та улица во Мидтаун на Менхетен, каде се снима шоуто на Летерман преименуван е во U2 Way.
Овој дел, помеѓу Бродвеј и Осмата Авенија ќе го носи името на ирскиот бенд една недела, изјавил Блумберг.
„Секој во овој град, вклучувајќи ме и мене, овие четворица Ирци, ги смета за почесни граѓани на Њујорк“, додава градоначалникот.
Новиот албум на Ју ту „No Line On The Horizon“, е прв студиски албум на ирскиот бенд во последните четири години, а се очекува да биде најпродаван албум во 2009 година.