Греми оваа година ќе бидат празни: Канје Вест, Џастин Бибер и Дрејк го бојкотираат настанот
Греми порано се сметаше за најпрестижната награда која можат да ја добијат музичарите, но сега се чини дека е тешко и номинираните пејачи да ги натерате да се појават на настанот.
Некои од најпознатите музичари како Канје Вест, Џастин Бибер и Дрејк планираат да ја бојкотираат церемонијата која треба да се случи на 12-ти февруари.
И покрај тоа што е номиниран за 4 Греми награди, 22-годишниот Џастин Бибер не планира да се појави на шоуто.
„Тој смета дека наградите не се релевантни ниту посебно важни за младите музичари“ - вели близок извор на пејачот.
30-годишниот Дрејк е номиниран во 8 различни категории оваа година, но не планира да се појави на самиот настан од слични причини како и Бибер.
Канје Вест кој е номиниран за 8 награди исто така, не планира да се појави, но тој настанот го бојкотира од сосема различни причини.
Поточно, неговите причини се расно мотивирани.
Досега тој има понесено дома 21 трофеј, но никогаш не освоил награда кога меѓу номинираните имало и бел пејач.
Уште еден пример за гневен музичар е и „Frank Ocean“ кој не се мачел ниту да го пријави својот нов албум „Blonde“ кој многумина сметаат дека е еден од најдобрите албуми оваа година.
Како и Канје, така и овој музичар смета дека Греми наградите не ги прикажуваат адекватно музичарите со афроамериканско потекло.
„Оваа институција има носталгично значење, но се чини дека не ги прикажува на добар начин луѓето кои доаѓаат од таму од каде доаѓам и јас“ - изјавил 29-годишниот пејач за New York Times.
Н. Г. | Црнобело