Легендарни музичари со кои се збогувавме во 2016-та
Оваа година многумина ќе ја паметат како социјално и културно тешка година.
Во 2016-та година многу легендарни пејачи си заминаа.
А, смртта на музичките икони како Дејвид Боуви, Принц и Морис Вајт нè натера да сфатиме дека музиката игра голема и значајна улога во нашите животи.
Да се потсетиме на животите и влијанието на некои од најголемите музичари кои си заминаа во 2016-та година:
Дејвид Боуви
Смртта на Бовуи дојде како шок за сите негови фанови, бидејќи се случи само неколку денови после неговиот роденден и објавувањето на новиот и последен албум „Blackstar“.
Боуви 18 месеци тајно водел битка со ракот на црниот дроб.
Како културна фигура, Боуви претставуваше надеж за иднината и човештвото. Неговите прогресивни ставови, стилот и музиката се голема загуба за светот, но засекогаш ќе се останат запаметени во музичката историја.
Алан Вега
Вега ќе остане запаметен како херој на „андерграунд“ музиката и неговиот протопанк бенд „Suicide“ со кој инспирираше бројни музичари од разни жанрови како рок, електронска, индустриска и техно музика.
Глен Фреј
Иако Фреј имаше успешна соло кариера во 80-ите, тој засекогаш ќе остане запаметен како основачот на „The Eagles“ и меѓу првите кои успешно ја дефинираа културата на рокот во Калифорнија, па и пошироко во светот.
Принц
Принц беше провокатор и гениј. Како и Боуви, тој имаше способност совршено да ги комбинира музичките жанрови и да ги предизвика нормите и културните ставови - редок талент кој предизвика револуција на нашите сфаќања за машките музичари во поп културата.
Леoнард Коен
Канадскиот пејач, текстописец и поет, Леонард Коен почина на 82-годишна возраст, но тој засекогаш ќе остане во срцата на фановите како музичар кој беше способен во своите песни да постави важни животни прашања за љубовта и смртта.
Морис Вајт
Смртта на основачот на „Earth, Wind & Fire“ дојде како шок. Тој беше одговорен за една од највлијателните групи на сите времиња како и на револуцијата на фанк музиката.
Н. Г. | Црнобело