16-минутното „Lemonade“ шоу на Бијонсе на MTV VMA (видео)

Бијонсе едноставно владееше со овогодинешните MTV VMA награди со продолжениот настап инспириран од „Lemonade“, а и со бројот на награди кои ги освои.

16-minutnoto-lemonade-shou-na-bijonse-na-mtv-vma-01.jpg

Организаторите на MTV VMA нè држеа во неизвесност до самиот крај за тоа дали ќе настапува Бијонсе или не и секако, на крајот, нејзиниот настап слободно може да се каже дека беше најголемата работа која се случи на доделувањето на овие награди.

Настапот несомнено беше моќен од повеќе причини, пред сè заради нејзиниот недопирлив и неверојатен талент за шоу бизнис, но и пораката која ја испраќа за сите жени во светот.

Шоуто го отвори со „Pray You Catch Me“, а потоа премина на „Hold Up“ и „Sorry“.

А, заврши со „Formation“ обиколена со дузина танчари кои го креираат „женскиот“ симбол.

Погледнете го моќниот настап за кој долго ќе се зборува:

Меѓу другото, Бијонсе ги освои: „Најдобро видео на годината“, „Најдобро женско видео“, „Најдобар албум“, „Најдобра режија“, „Најдобра кинематогрфија“ и „Најдобра монтажа“.

Како изгледаше Бијонсе додека ги земаше наградите:

Како изгледаше на црвениот тепих можете да проверите ТУКА.

Н. Г. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg