Со 3 песни на Инстаграм, Coldplay го најави својот нов албум

Coldplay почнаа да споделуваат мали делови од нивниот нов албум, „A head full of dreams“, кој ќе излезе на 4-ти декември.

koldplej-otkriva-mal-del-od-nivniot-nov-album-01.jpg

Во овој албум гостуваат Бијонсе, Гвинет Палтроу бившата сопруга на Крис Мартин заедно со нивните деца, Блу Ајви ќерката на Бијонсе и Џеј Зи и секако, не може да не се спомене претседателот Барак Обама.

Иако претседателот на снимал директно во студио, во албумот е ставена неговата верзија на „Amazing Gracе“ која тој ја отпеал на погребот на Клементра Пикни како дел од нивната песна „Kaleidoscope“.

Иако на делот кој е објавен од песната „Everglow“ не се слуша гласот на Гвинет Палтроу, таа заедно со децата и Блу Ајви е дел од песната.

Колдплеј сподели мал дел од песната со Бијонсе. Иако Крис Мартин и Бијонсе имаат настапувано заедно и порано, песната „Hymn for the weekend“ е нивната прва официјална соработка.

Слушнете ги кратките делови од новите песни на Coldplay:

„Hymn for the weekend“ со Бијонсе

 

#Track3 #HymnForTheWeekend #AHeadFullOfDreams #Coldplay #TenDaysUntilAHFOD

A video posted by Coldplay (@coldplay) on


„Kaleidoscope“ со дел од изведбата на претседателот Обама

 

#Track7 #Kaleidoscope #AHeadFullOfDreams #Coldplay #TenDaysUntilAHFOD

A video posted by Coldplay (@coldplay) on


„Everglow“ со Гвинет Палтроу

 

#Track4 #Everglow #AHeadFullOfDreams #Coldplay #TenDaysUntilAHFOD

A video posted by Coldplay (@coldplay) on

На нивниот Инстаграм профил можете да ги слушнете и останатите песни.

М. Д. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg