Видео: Северина претепана!
Северина повторно шокира! И тоа во новиот видео запис за хитoт "Muškarcu samo treba kurva", во кој глуми злоупотребена жена, полна...
... со тага каде се појавува со крвав нос.
На неодамна одржаниот концерт во Белград, Севе ги шокираше обожавателите. Кога го запеа хитот "Muškarcu samo treba kurva", започна да се прикажува шокантно видео.
Во него, главната улога нормално ја имаше Северина. Повеќе од 4 минути, колку што трае видеото, Севе трпи жестоки удари од машка рака. Најшокантно е Севериното лице кое цело е покриено со модрици и крв.
Видеото го режираше и сними Дарко Дриновац, кој со Северина работеше не повеќе проекти врзани со актуелниот албум Здраво Маријо. Пораката од видео записот е јаснa и е упатена на сите злосторници кои ги малтретираат жените.
Погледнете!