Трајче Георгиев и невозможното го прави возможно (видео)
На последниот настап со песната „Impossible“ Трајче уште еднаш докажа како се пее со стил, глас и стас.
Тој секоја емисија ги воодушевува и жирито и публиката, па веќе е многу извесно дека ќе го гледаме во големото финале на 26. јуни.
Ова беше негов прв настап кој се пренесуваше во живо низ целиот регион и кога за првпат жирито само коментира, но не гласа, бидејќи се бројат само гласовите од смс пораките на публиката.
Според коментарите на жирито Трајче е еден господин човек кој ја има најубавата насмевка меѓу пинковите ѕвездички.
Го пофалија и дека покажал малку повеќе емоции од претходно, а со оглед на прекрасната изведба, овациите од публиката и гласовите, тој е дефинитивно еден од фаворитите за победник.
Погледнете го неговиот последен настап кога ја изведе „Impossible“ од Џејмс Артур, oдносно оригинално од Шoнтел.