Новиот спот на Рената, Македонката со светска слава
Најновата песна на Рената “Please Stay” веќе неколку месеци се врти по светските и домашни радио станици, но сега конечно доби свој видео запис.
Со потпис од видео сајтот VEVO, Рената е првата Македонка која постигна ваков светски успех.
Нејзиниот последен хит музички го создаде продуцентот Зоран Алексиќ и видеото кое го изработи веќе докажаниот режисер Илија Тодоровски кој е составен дел од продукцијата.
“Се насочивме повеќе на фотографијата и сметам дека истата си го достигна нивото кое беше оптимално и најважно за да се најде на интернационалната видео сцена, драго ми е што комплетно е реализирано и одобрено од страна на одговорните од “VEVO“ како прв македонски видео продукт”- додаде режисерот Тодоровски.
Прегледајте го спотот и уживајте во нашата, а светска ѕвезда.