Тајзи и Марјана Станојковска во љубов
Плажа, сонце и вода, идеална енергија за да се роди љубов помеѓу двајца млади. Таа згодна како сирена, тој со мелодија која освојува. Марјана Станојковска и Тајзи се во љубов во новиот спот на Тајзи за песната “Регетон”.
Откако го најави својот прв, соло албум, Тајзи работеше на првиот сингл за кој деновиве се сними и видео запис во Струга. Режисер на спотот е Даниел Јовески, а главни улоги во истиот се Тајзи и Марјана.
Иако пред недела дена тој остана без “Љубов” на Јутјуб каналот, а песната имаше преку 500.000 прегледи за 3 месеци, од неговата нова “Регетон” очекуваме уште поголем број конзументи на овој летен хит кој го најавува Тајзи.
Додека го чекаме новиот видео запис, Тајзи Ви дарува “Љубов”.
Би можело да ве интересира:
