Прва песна на Дејан од македонскиот Идол
После долга пауза од шоуто за таленти Македонски Идол, конечно излезе првиот сингл на еден од финалистите – Дејан Јованов, „Ајде малку да се лажеме“.
Текстот и музиката се дело на Маестро Игор Џамбазов, а аранжманот го работеше Трајко Симоновски Таци, познат меѓу јавноста како басистот од бендот на Тоше.
Покрај авторскиот тим овде се среќаваат повеќе звучни имиња кои гостуваат во оваа песна.
Не може, а да не се забележи придружниот глас на дивата на македонската поп музика Калиопи, која за прв пат се појавува како Back vocal во туѓа песна.
Покрај неа, овде се Златко Михајловски Бумбар на тапани, соло гитара Харе Гуру, исто така членови на бендот на Тоше.
Како втор пратечки вокал Нина од 4play и гитара младиот Александар Таушанов.
Како звучи нешто направено од овие мајстори во својата професија со кои е навистина огромна чест да се работи, може да чуете на видеото подолу. Спотот е во изработка.