Тајзи сурово искрен во балканската верзија на „Бела чао“: „ Не замерувајте на јазик и граматика туку разберете ја пораката“
Кумановецот Тајзи вчера го објави спотот за неговата најнова песна „Бела чао“. Како што вели, станува збор за балканска верзија на познатата италијанска револуционерна песна од 19-тиот век.
Текстот за балканската верзија на „Бела Чао“ го напишал Тајзи, а аранжманот е на Иле Спасев.
„Бела Чао е симбол на отпорот и револуцијата низ светот па решив да направам балканска верзија за модерното општество во кое живееме и за системот кој е тркало т.е истото зло кое се менува на неколку години.
Светлината е мојот пат и не се тркам со никој, тука сум да ви докажам дека добри луѓе сè уште постојат. Не знам како да ви се заблагодарам за сите овие 12 години освен да ве послужам со нова музика од душа за душа.
Не замерувајте на јазик и граматика туку пробајте да ја разберете пораката која ми е дадена да ви ја пренесам“ – напиша меѓу другото Тајзи на Инстаграм.
Инаку, како што информира, оваа песна е напишана пред 5 години, а љубителите на познатиот кумановски музичар ова лето може да очекуваат нов албум на кој ќе има 12 нови песни.
Погледнете го спотот за „Бела чао“:
Б. С. Б. | Црнобело