Вирален хит: Бразилка пее песна на македонски јазик - пресреќна што Нокаут го споделија видеото
„Здраво! Мило ми е... Јас сум Бразилка, можеш да ме викаш Габс, денес ќе се обидам да свирам и да испеам една песна на македонски, извини за мојот акцент...“, го почнува своето видео Габриела. Кога во далечниот Бразил се пеат македонски песни, тогаш на срцето ни е убаво... Браво Габриела Роша!
Габриела Роша е девојка од Бразил која стана вирален хит во Македонија откако отпеа песна на македонски јазик.
Дали оваа Бразилка има македонски корени или едноставно совршено се снаоѓа со јазиците како што самата кажува, не знаеме, но нејзината изведба звучи одлично и нѐ радува што македонската музика се негува и во Бразил.
„Здраво! Мило ми е... Јас сум Бразилка, можеш да ме викаш Габс, денес ќе се обидам да свирам и да испеам една песна на македонски, извини за мојот акцент...“, го почнува своето видео Габриела и ја пее песната „Сакам да живеам“ на Нокаут.
Инаку, Пере од Нокаут воодушевен од изведбата го сподели видеото на Габи, а таа пресреќна сподели на Инстаграм Стори дека сонот ѝ се остварил:
Видеото од Габриела што стана вирален хит:
С. С. | Црнобело