Имаа 2 хит песни и потоа целосно исчезнаа од сцената – се сеќавате ли на групата ИН?
Анита, Весна и Ирина го сочинуваа женското трио ИН, особено популарно кон крајот на ’90-тите години.
Нивниот деби сингл „Божица“ ги освои топ-листите и стана неверојатен хит.
Неколку месеци подоцна, трите атрактивни девојки го имаа следниот голем хит „Биди ин“ кој ќе остане запаметен како еден од најинтересните и уникатни спотови од тој временски период. Имено, девојките танцуваа на фасадата од зградата на ЕВН во Центарот на Скопје, додека случајните минувачи гледаа во нив.
Втората песна за жал беше и последна за женското трио кое и покрај популарноста престана да пее и да настапува. Групата ИН се повлече од сцената и целосно исчезна, сè додека една од членките, Весна Павлова, не се врати на кратко како соло изведувач со песната „Да си тука“.
Дали се сеќавате на двата големи хита на групата ИН?
(О)Милена | Црнобело