Џеј Ло со транспарентно одело и провокативен танц – жежок настап со Малума на AMA наградите (видео)
Гледајќи го жешкиот настап, полн со сензуалност, никогаш нема да помислите дека Џеј Ло има 51 година – на Американските музички награди за првпат во живо со Малума ги испеаја нивните хитови.
Во текот на ноќта се одржаа Американските музички награди, а Џенифер Лопез и Малума имаа можност за првпат во живо да ги изведат нивните две соработки „Pa Ti“ и „Lonely“.
Џеј Ло беше облечена во едноделно, транспарентно одело, со боди кое ги прикрива интимните делови, а нејзините движења зрачеа со сензуалност на сцената, на која ѝ се придружи Малума.
„Чувството е неверојатно, не само затоа што ќе ми биде првпат, туку и затоа што ќе настапувам со Џенифер Лопез. Сите знаеме дека таа е суперѕвезда и да бидеш дел од нејзиниот настап е прекрасно.“ – изјави Малума пред настапот.
Нема потреба од дополнителни описи, погледнете го сами 5-минутниот настап:
М. М. | Црнобело