Деница блесна во Malta's Got Talent: „Премногу сакам да им се заблагодарам на Македонците за поддршката“

Деница од Тетово која го трогна жирито на Malta's Got Talent во интервју проговори за настапот, но и им се заблагодари на Македонците за поддршката.

denica-blesna-vo-malta-s-got-talent-premnogu-sakam-da-im-se-zablagodaram-na-makedoncite-za-poddrshkata-01.jpg

Деница Апостоловска има 32 години и на настапот во музичкото натпреварување Malta's Got Talent гордо кажа дека е Македонка, a успеа да го воодушеви и расплаче жирито.

Нејзиниот настап беше магичен и специфичен, а таа беше главна тема во тоа издание на Malta's Got Talent.

Во интервју со еден српски новинар таа вели дека кога излегла на сцената само сакала да биде своја и да го направи тоа што најдобро го знае.

„Бев затечена, никогаш не сум била на толкава сцена, секогаш е локално нешто... Премногу ми значи самата емоција и тоа ми е најважно да го покажам“

„Отсекогаш сум сакала да ги направам моите блиски горди, тоа ми било предизвик и цел, а не очекував дека толку многу луѓе можам да направам горди, толку луѓе да го почувствуваат тоа, особено моето семејство и луѓето кои отсекогаш верувале во мене. Ми се допаѓа што и луѓе кои не ме ни познавале сега се поистоветуваат со мојот настап.“

На прашањето за големата поддршка од Македонците, Деница вели:

„Премногу сакам да им се заблагодарам за сета поддршка за сите убави зборови. Се ежам и додека зборувам, навистина неочекувано дека можам толку горди да ги направам.“

За нејзините почетоци и животен пат слушнете повеќе во интервјуто:

Imali smo priliku da razgovaramo sa Denicom Apostolovskom iz Makedonije - učesnicom ovogodišnjeg Malta’s Got...

Posted by Info Group on Monday, October 12, 2020

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Длабок шлиц и Сваровски кристали: Симона Поповска блесна во бел фустан на Макфест, а потоа го промов... Минатата година, поп-ѕвездата Симона Поповска на Макфест ја раскажа својата прик...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg