„Ја изгубив мајка ми пред 20 години“ – Македонка го воодушеви и расплака жирито на Malta's Got Talent
„Ја изгубив мајка ми пред 20 години, па овие песни се разговорите со неа“, беше изјавата на Деница која предизвика солзи кај жирито.
Деница Апостоловска има 32 години и на настапот во музичкото натпреварување Malta's Got Talent гордо кажа дека е Македонка.
Таа вели дека пред 5 години само го земала нејзиниот ранец и одлучила да ја истражи Малта, но земјата ѝ се допаднала многу и останала да живее таму.
Скромна и природна со неверојатен музички талент, таа настапот ѝ го посвети на својата мајка, која починала пред 20 години.
Деница откри дека нејзиниот настап се вика „Разговори со мојата мајка“ и е комбинација од неколку песни од кои првата „Angels“ од Роби Вилијамс. Токму тоа предизвика солзи кај една членка од жирито која исто така ја изгубила мајка си.
„Свириш со таква страст на гитарата, многу ми се допадна тоа“, беше еден од коментарите на членовите од жирито. „Родена си да пееш“, продолжуваа пофалбите.
Деница без проблем доби „да“ од сите членови на жирито.
Погледнете го нејзиниот настап:
С. С. | Црнобело