Спот во Скопје, со Илариа Кирилов и Македонец во режисерска екипа – Новата песна на Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука
Спотот за песната на Самарџиќ и Црвена Јабука е снимен во 6 републики на просторите на поранешна СФРЈ, делови од него се снимени во Скопје со нашата прекрасна Илариа Кирилов, а во режисерската екипа се најде и македонскиот режисер Даниел Јовески.
Долго најавуваниот дует помеѓу Жељко Самарџиќ и Црвена Јабука денес ја имаше својата премиера на YouTube.
Во видео записот за песната Aleje ljubavi, во сцените снимени во Скопје се појавува и нашата Илариа Кирилов.
Јовески пак, работел на камера, дрон и постпродукција, а на својот Фејсбук профил сподели дека голема е честа да се работи со идолите од неговото детство и со еден од најдобрите режисери на српскиот пазар, Харис Дубица.
Погледнете уште неколку фотки направени за време на снимањето на спотот кај нас: